Потребно е:
3 чаши јогурт,
200 грама шеќер,
200 гр кокос,
200 гр гриз,
1 прашок за пециво
За сирупот:
250 грама
шеќер,
4 дл вода
За фил:
1 л млеко,
10 лажици шеќер,
15 лажици брашно,
200 гр маргарин,
3 кесички ванилин шеќер
За декорација:
200 гр крем шлаг,
2 дл минерална вода
Постапка:
Ставете го јогуртот, додадете шеќер, кокос, гриз и прашок за пециво. Сето тоа измешајте го со лажица. Ставете во сад за печење обложен со хартија за печење и се пече на 200 степени околу 15 минути. Додека ова се пече направете го филот. Брашно, шеќер, се промешува со малку млеко и варете се заедно во останатото млеко. За сирупот промешајте го шекерот со водата и кога ке се испече тестото ставете го сирупот врз него. Изматете го маргаринот пенесто со ванилин шеќер и додадете го белиот фил. Со миксер се заедно убаво изматете го пенесто за да добиеете соодветна крема. Над тестото ставето го белиот фил. Над филот ставете го белиот шлаг со киселата вода. Оставете да се олади во фрижидерот. Исечете по желба.

You must be logged in to post a comment Login