За подготовка на сладолед не треба да сте мајстор на слаткарството, ниту пак ви се потребни скапи апарати. Понекогаш е доволно да имате малку фантазија, воља и добар рецепт со квалитетни намирници.
За ова последново ние се погриживме, а на вас е да експериментирате.
Состојки за сладолед од чоколада:
200 г. темна чоколада
5 жолчки
½ шољички шеќер
500 ml млеко
- Темната чоколада стопете ја на пареа.
- Во друг сад добро измешајте ги жолчките и шеќерот (може да користите и шеќер во прав). Откако добро ги измативте жолчките полека додавајте млеко и мешајте.
- Смесата префрлете ја во мало тенџере и додајте ја стопената чоколада. Мешајте на тивок оган додека состојките да се соединат, и отстранете го од оганот пред вриење. Оставете ја неколку минути и префрлете ја во замрзнат лимен сад, кој го држевте барем неколку часа во замрзнувач.
- Се добро измешајте и ставете во замрзнувач на 45 минути. Извадете ја смесата која веќе се стиснала/згуснала и брзо промешајте ја и потоа повторно вратете ја во замрзнувач на уште 45 минути.
- Повторете ја оваа постапка уште еднаш и вратете ја смесата во замрзнувач, оставајќи ја сега уште час и половина додека потполно не се замрзне. На овој начин ќе избегнете формирање на кристали од ледот и ќе добијете вкусен кремаст сладолед.
httpv://www.youtube.com/watch?v=q6QogenRqn8

You must be logged in to post a comment Login