Состојки:
1 конзерва туна
1 марула салата
100 гр пченка од конзерва
3-4 зелени маслинки, сецкани без семка
сок од еден лимон
4 млади кромитчиња
неколку капки оцет балсамико
Подготовка:
Марулата ја миете и сецкате. Кромитчето и маслинките исто така ги сечкате на ситни парчиња. Туната можете со маслото во неа да ја истурите во салатата, а може и само месото, а можете и да додадете маслиново масло по желба. На крај ставете го сокот од еден цел лимон, неколку капки оцет балсамико за повкусна арома и пченката од конзерва.

You must be logged in to post a comment Login