Состојки:
700-750 гр млади компири (помали)
2 лимони (исцедени)
3 супени лажици маслиново масло
110 гр мајонез
1 супена лажица песто сос
50 гр излупени бадеми
неколку ливчиња свеж босилек
малку сол
малку црн пипер
Подготовка:
1.Добро измијте ги компирчињата (не ги лупете), а потоа ставете ги да се варат во вода со малку сол. Кога ќе се сварат, пресечете ги на половинки и оставете ги во подлабок сад да се оладат.
2.Во посебен сад измешајте ги добро маслиновото масло, мајонезот, сокот од лимон и песто сосот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
3.Ислупените бадеми исечкајте ги на покрупни парчиња, а потоа запржете ги во тавче без масло додека не ја сменат бојата. Кога ќе се оладат додадете ги во сосот и промешајте.
4.Прелијте ги оладените компири со сосот и измешајте. Покријте го садот со пластична фолија и оставете ја салатата да отстои барем 2 часа во фрижидерот пред да ја послужите. Декорирајте со неколку ливчиња свеж босилек.

You must be logged in to post a comment Login