Време на подготовка: 30 минути / ќе послужите: 6
- 4 лажички маслиново масло
- 1 мал кромид, ситно сецкан
- 450 грама месо од мисирка
- 1 мала тиквичка, ситно сецкана
- 1 црвена пиперка, семиња и рачка отстранети, ситно сецкана
- 1 ½ шолја зелена салса
- Сол и црн бибер по желба
- 2 латици зелена салата
- 1 ½ шолја искршен тортиља чипс
- 1 шолја мали чери домати, исечени на пола
- 1 шолја (110 грама) рендан кашкавал
Чекор 1
Загрејте го маслото во голема тава на средна до висока температура. Запржете го кромидот со често мешање, додека не стане транспарентен, 5 до 7 минути. Додадете го месото од мисирка и пржете со често мешање додека не добие кафена боја, 5 до 7 минути.
Чекор 2
Додадете ги тиквичките, парчињата од пиперка и 1 шолја салса. Пржете ги 5 до 6 минути. Засолете со сол и бибер. Оставете ги во чинија да се оладат.
Чекор 3
Во голем и длабок сад измешајте ги листовите од зелена салата, тортиља чипсот и чери доматите, прелејте со преостанатата пола шолја зелена салса и со 2 лажички масло. Поделете ја салатата подеднакво во чини за сервирање и на крај ставете од месото и ренданиот кашкавал.

You must be logged in to post a comment Login