ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200 гр. путер
* 200 гр. крем сирење
* 2 чаши брашно
* 3 лажици шеќер
* 1/4 лажичка сол
* 1 лажица ванилин шеќер
* 1/2 чаша нутела
* 1/2 чаша џем од малини
* малку млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во еден сад со миксер измешајте ги прво брашното, солта и шеќерот, а потоа додадете ги путерот и крем сирењето. Добиеното тесто завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да отстои минимум 2 часа.
Размесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел расучете го со сукало во форма на правоаголниок. Потоа на него ставете 2 лажици нутела, па 2 лажици од џемот. Завиткајте го тестото како ролат.
Ролатите одозгора премачкајте ги со млеко и посипете малку шеќер, а потоа исечете ги на парчиња.
Печете ги на 175ºC околу 20 минути.