Состојки:
-филети од сом
-100 мл. бело вино
-сол, бибер
-путер
За сос:
-20 мл. бистра рибина супа
-30 гр. путер
-100 мл. павлака за готвење
-малку шафран
Подготовка:
Филетите посолете ги, па кратко пропржете ги во врело масло. Во тавата додајте го белото вино и гответе се додека виното не испари.
Во мал сад ставете ја рибината супа, додајте го путерот, павлаката за готвење и малку шафран. Смесата гответе ја на ниска температура. Филетите од сом прелијте ги со сосот и послужете.

You must be logged in to post a comment Login