Време на подготовка: 20 мин.
Состојки:
- 3 шољи лешници
- 1/2 лажичка сол
- 135 ml зејтин
Подготовка:
Ставете ги лешниците во тава и печете ги во рерна 15 минути на 180 степени.
Откако ќе се изладат, ставете ги во памучна крпа и исчистете ги од лушпа. Вака исчистените лешници ставете ги во блендер и сомелете ги. Додадете сол и повторно мелете. Во текот на мелењето додавајте го и зејтинот.
Откако состојките ќе се соединат ставете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер неколку недели.
Вака приготвениот путер можете да го користите како прелив за салати, така што ќе го разредите со сок од цеден портокал. Можете и да го измешате со чоколадо и ванила и да го мачкате на леб.


You must be logged in to post a comment Login