Едноставно морате да го пробате овој сочен и свеж десерт, кој со задоволство го јадат и тие што не постат.
Потребни состојки:
1 пакување посни бисквити (400-500 грама)
1 килограм јаболка
2 пудинзи од ванила
1 ќесичка цимет
350 грама шеќер
2 бели посна хопла (за мрсна варијанта, употребете шлаг)
600 милилитри вода
Се вари водата со шеќерот и циметот 25 минути.
Двата пудинга се раствораат со ладна вода, во нив се додаваат јаболката, па потоа заедно се сипуваат во шербетот додека филот не згусне.
Во сад за торта се реди ред бисквити, ред фил, уште топол, и одгоре се украсува со шлаг/хопла. Потоа само ладете и јадете.

You must be logged in to post a comment Login