Брз есенски рецепт кој ги задоволува потребите за десерт и на најпребирливите.
За да го подготвите потребни ви се 4 јаболка, 2 лажички цимет, 5 лажички мед, 200 грама мелени ореви, половина филџан рум, 2 лажици сок од цеден лимон, 200 грама суво грозје.
Подготовка
Прво измијте ги и издлабете ги јаболката а потоа премачкајте ги убаво во внатрешноста со сок од цеден лимон. Попрскајте ги со цимет. Потоа почнете да го подготвувате филот со кој ќе ги наполните. Исечкајте го сувото грозје, издробете ги оревите, додадете го румот и медот и убаво измешајте. Ставете од филот во секоја јаболка. Потоа повторно попрскајте ги со цимет.
Печете ги јаболката во загреана рерна на 180 степени 20-на минути.

You must be logged in to post a comment Login