Состојки:
4 парчиња пилешки гради
120 мл. мед
1 лажица масло за готвење
60 гр. сенф
1 лажичка кари
сол и бибер
Подготовка:
Ако користите дрвени стапчиња, потопете ги во вода. Во сад додадете го маслото, карито, медот и сенфот и убаво помешајте. Тргнете малку од смесата за премачкување. Месото исечете го на крупни коцки и додадете го во садот. Убаво промешајте и ставете го садот во фрижидер 2 до 4 часа, за да се маринира месото. Половина час пред пржење извадете го месото од маринадата и набодете го на стапчињата. Зачинете ги ражничите со сол и бибер. Печете ги на скара (или пржете ги во тава на средна температура) околу 15 минути, со вртење на секој 2-3 минути. Во последните неколку минути од печењето, премачкувајте ги ражничите со делот од маринадата кој го зачувавте.

You must be logged in to post a comment Login