Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Освежувачка салата од која добро ќе се најадете

Освежувачка салата е идеално јадење во текот на топлите денови во лето, а доброто е што чинијата можете да ставите што сакате. Доколку ги измешате сите состојки добро, освежувачката салата без проблеми може да ви биде главен оброк во денот. Салатите се прав избор за топлите денови- здрави се, готови за секунда и се доста вкусни, а изборот на состојки е шаренолик.

Ви претставуваме 2 рецепти за вкусна салата.

Салата од кафен ориз и туна

Состојки: 150 гр сварен кафен ориз, 3 лажици свеж салса сос, 2 млади кромиди, 50 гр кисели пиперки исцедени и исецкани, 50 гр  црвен грав, една конзерва туна исцедена околу 80 гр и неколку листови зелена салата за декорација.

Припрема: Измешајте го оризот со сосот, кромидот, гравот и пиперките. Промешајте ги добро и додадете зачин по желба. Додадете ја туната потоа. Во прилика на сервирање, додадете неколку листови од зелена салата, а по желба можете да додадете и повеќе сос.

Салата со мисиркино месо

Состојки: 500 гр мисиркини гради, 1 лажица маслиново масло, малку сол, 2 лажици јаболков оцет, 50 гр свеж спанаќ, половина зрел исецкан авокадо, 4 домати, 200 гр, малку сенф, малку сирење.

Припрема: Загрејте ја тавата на среден оган, мисиркиното месо намачкајте го со масло и малку посолете го. Печете на една страна 4 минути, потоа свртете ги и наставете да ги печете отприлика уште 3 минути. Извадете го месото од тавата и исецкајте го на коцки.

Припрема за преливот за салатата: измешајте го оцетот,сенф, 1 лажица вода, две лажици масло и малку сол. Во голем сад ставете го спанаќот и две лажици прелив. Потоа се додаваат печените мисиркини гради, авокадото, доматите и сирењето. Прелијте преку се остатокот од преливот и по желба додадете малку свеж мелен црн бибер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement