Морска риба на скара
- 1 лажичка ким
- 1 лажица суво оригано
- 1 лажица чили во прав
- 2 лажички сол
- 4 лажици(1/4 чаша) ладно-цедено маслиново масло
- 1/4 чаша ситно сецкан рузмарин
- 2 килограми филе од шарен гргач или морска риба по избор, со кожа
- Лимон
ЧЕКОР 1
Измешајте ги заедно зачините и солта. Во истиот сад додадете маслиново масло и лимон. Користете оштар нож за да ги засечете филетите на коси линии, и освен во кожата, трљајте ги двете страни од филетите со мешавината од зачини. Зачинетите филети оставете ги во фрижидер 30 минути до 2 часа.
ЧЕКОР 2
Загрејте чиста, лесно подмачкана скара на висока температура. Поставете ја рибата, со месото кон доле, на топла скара. Не ја поместувајте околу 3 до 5 минути, за да не ви се распадне. Ротирајте користејќе два шпатули. Гответе додека рибата не зарумени, околу 5 до 7 минути.
ЧЕКОР 3
Префрлете ја рибата во тањирот за служење. Одвојте ги филетите за да се оладат малку. Исецкајте ги филетите во величина на залак и украсете со гранчињата од рузмарин и лимон. Веднаш, или во период од 1 час послужете на собна температура.

You must be logged in to post a comment Login