Состојки:
– 4 поголеми карабатака
-180 гр. ориз
-400 гр. ситни шампињони
-0.5 дл. маслиново масло
-3 лажици сенф
-2 лажици мед
-сок од два портокала
-мајчина душичка, шафран
-мешан зачин
-сол и бибер
Подготовка:
1.Карабатакот одвојте го од коските, а потоа истенчете го со помош на толчник за месо.
2.Во поголем сад соединето го маслиновото масло, сенфот, медот и сокот од портокал. Додајте го шафранот, мајчината душичка и зачинете по вкус и се заедно измешајте.
3.Во припремената маринада ставете ги парчињата месо и оставете ги во ладилник да отстојат најмалку четири часа.
4.Оризот обарете го во солена вода и изцедете го.
5.Пилешкото извадете го од маринадата и пржете го на загреано масло додека да порумени.
6.Во маснотиата од пилешкото додајте ги шампињоните и кратко пропржете ги додека да омекнат. Додајте го оризот, маринадата и кратко време гответе.
7.Прженото месо послужете го со подготвеното рижото.

You must be logged in to post a comment Login