Состојки:
-1,5 кг. пилешки крилца
-1/2 китка магдонос
-2 дл. бело вино
-100 гр. кечап
-1 дл. соја сос
-2 лажици мед
-1 дл. масло
-оригано
-бибер
За прилог:
-1 црвена пиперка
– 1 зелана пиперка
– 1 жолта пиперка
– 300 гр. шампињони
-100 гр. путер
-300 гр. тестенини
-мешан зачин
-бибер
Подготовка:
1.Во подлабог сад соединете ги виното, кечапот, соја сосот, медот, маслото, ситно сецканиот магдонос и ориганото. Додајте ги и пилешките крилца, зачинете по вкус и оставете да отстојат 120 минути во ладилник.
2.Во тава обложена со хратија за печење наредете ги крилцата и печете во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.
4.Печените крилца послужете ги со прилог од зеленчук со тестенини.
Прилог:
1.Црвената, жолтата и зелената пиперка изчистете ги од семки и исечете ги на тенки парчиња, а шампињоните исечете ги на листови.
2.Во вог тава ставете да се стопи путерот додајте го сечканиот зеленчук и пропржете додека да омекнат.
3.Тестените сварете ги во солена вода и изцедете ги од течноста.
4.Во длабок сад соединете ги тестенините и зеленчукот, додајте зачини по вкус и полека промешајте.

You must be logged in to post a comment Login