Состојки:
-150гр. ориз
-2 јајца
-80 гр. маргарин
-100 гр. презла
-6 лажици павлака
-50 гр. кашкавал
-100 гр. сланина
-3 дл. масло
-мешан зачин
-сол, бибер
Подготовка:
1.Оризот обарете го во солена вода и процедете го.
2.Кашкавалот изрендајте го, а сланината исечете ја на коцки.
3.Во мал сад соединете ги маргаринот и јајцата. Во друг сад соединете ги презлата и павлаката.
4.Во голем сад ставете го оризот, додајте ја смесата од јајца и маргарин, смесата со павлака и презла, кашкавалот и убаво измешајте.
5.Од подготвена смеса формирајте топчиња и пржете ги на врело масло од сите страни подеднакво.

You must be logged in to post a comment Login