Состојки:
– 1 поголема брокула
– 1 dl кисела павлака
– 2 жолчки
– 1 лажица брашно
– 1 dl неутрална павлака
– 1.5 l супа од зеленчук коцка
– мешавина на зачини, бибер
Припрема:
1. Исчистете ги брокулите, искинете на цветови и ставете ги да се готват во супата од зеленчук
2. Кога брокулите ќе омекнат, извадете ги и испасирајте ги со малку течност.
3. Посебно соединете ја павлаката и брашното, и додадете ја во супата и додадете ги пасираните брокули, зачините по вкус и гответе на умерена температура, мешајќи се додека не се згусне.
4. Готовата чорба тргнете ја од ринглата и непосредно пред служење додадете мешавина од жолчка и неутрална павлака.

You must be logged in to post a comment Login