Состојки:
* 200гр мелени ореви
* 350гр шеќер
* еден филџан пиво
* 6 филџани брашно
* 3 филџани масло
* 1/2л вода
* кора од лимон
* пециво
Подготовка:
Замесете го брашното со пивото, маслото и прашокот за пециво. Додадете ја ренданата кора од лимон. Формирајте кифлички и печете ги додека не поруменат. Направете сируп како за слатко од вода и шеќер и полиете ги кифличките. Топли, валкајте ги во мелените ореви.

You must be logged in to post a comment Login