Потребни состојки:
– 5 мл млеко
– 1 лажица путер
– изрендана кора од еден лимон
– 125 гр пченичен гриз
– 3 лажици шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
За сосот од малини:
– 500 гр малини
– 125 гр шеќер
– 1 ќесичка ванилин шеќер
Подготовка:
1. Во мал сад ставете го млекото, додајте го путерот, ренданата кора од лимон, шеќерот и ванилиниот шеќер и варете ја смесата се додека не зоврие.
2. Потоа смалете ја температурата и постепено додавајте пченичен гриз постајано мешајќи се додека не ја добиете потребната густина.
3. Во тепсија обложена со хартија за печење, ставете го припремениот гриз, изравнете и оставете да се олади.
4. Со помош на калап во облик на ѕвезда од оладениот гриз вадете ги посакуваните облици. Ѕвездите прелијте ги со сосот од малини
Сос од малини:
1. Во мало тенџере ставете ги малините, шеќерот и ванилиниот шеќер, кратко варете дoдека не добиете кремаста маса.

You must be logged in to post a comment Login