ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 150 гр бисквити
* 100 гр темно чоколадо
* 40 гр путер
* 500 гр маскарпоне
* изрендана кора од 3 лимони или портокали
* 1 кафена лажичка цимет
* 4 кафени лажички густин
* 2 јајца
* 75 г шеќер (може и кафеав)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Рерната се загрева на 180 степени. Калапот за торта се обложува со хартија за печење (не заборавајте и ѕидовите на калапот да ги обложите).
2.Во сад се дроби бисквитот и се меша со циметот и малку растопениот путер. Смесата се става во калапот за торта и се обликува дното на колачот.
3.Во друг сад се топи чоколадото на пареа. Маскарпонето ( и без нервоза, го има во скоро секој супермаркет и тоа на рафтовите каде стои најчесто павлаката) се меша со изренданата кора од портокали или лимон и со шеќерот. Во смесата се додава стопеното чоколадо и јајцата.
4.Целата смеса се истура врз бисквитот и се пече 40-тина минути.
5.Пред сервирање колачот треба да биде добро изладен. Се послужува со парчиња портокал (или друго овошје) и прав шеќер.

You must be logged in to post a comment Login