Тортиљи кои сами ќе ги направите се повкусни од купечките, а за нивната припрема не ви треба многу време, плус ќе ги спремите на едноставен начин.
Тортиљите се прочуен мексикански рецепт кој од сега можете сами да го спремите на брз и едноставен начин. Бидете сигурно дека домашните тортиљи ќе бидат многу повкусни од купечките.
За да ги направите потребно ви е :
– Четири филчани брашно
– Лажица сол
– Две кесички прашак за пециво
– Две лажички маст или путер
– ½ филчан топла вода
Во голем сад ставете го брашното, солта и прашакот за пециво, и добро промешајте ги овие состојки. Во смесата додадете маст или путер и месете со прсти додека не се изедначи. Ставајте вода и продолжете да мешате.
Кога ќе допиете тесто кое не се распаѓа, извадете го од садот, ставете го на површина која претходно сте ја посипале со брашно и мешајте неколку минути додека не стане доволно еластично. Тестото поделете го на 24 еднакви дела. Од секој дел направете една топка.
Потоа со сукало во брашно секоја топка измесете ја во тортиља.
Тортиљата ставете ја во загреано тавче и печете додека не стане крцкава а потоа свртете ја на другата страна. Испечените тортиљи ставете ги во сад и поклопете ги со капак. Повторете ја постапката и со останатите тортиљи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=v2UWtlNvugY

You must be logged in to post a comment Login