Полномасно млеко има околу 3-4% масти. За полу-обезмастено и обезмастено млеко, целата маст се отстранува а потоа (во случајот на полумасното млеко) еден дел се враќа. За возрасните луѓе се препорачува во исхраната да користат производи од безмасно или полумасно млеко.
Под безмасно млеко се подразбира млеко со состав од млечни масти помали од 0.9%.
Времето потребно за овој десерт е 40 минути.
Состав
1 кг. посни кекси
1 кесичка пудинг од банана
1 кесичка пудинг од ванила
1 кесичка пудинг од карамела
100 г. шеќер
200 мл растителна павлака
Припремање
Згответе го пудингот со млекото по упатството на кесичката и така топло премачкајте го врз кексите. Во калапот редете еден ред кекси, па пудинг од банана, потоа втор ред кекси, па пудинг од карамела, трет ред кекси па пудинг од ванила и завршете со уште еден ред кекси. Оставете да се олади. Извадете ја тортата од калапот, украсете ја со шлаг или чоколадни трошки и послужете.
Дебелите луѓе кои се на диета, дијабетичари и сите оние кој мораат да бидат претпазливи со внесување на јаглени хидрати, во овој десерт наместо шеќер можат да користат некој од нискокалоричните вештачки засладувачи.

You must be logged in to post a comment Login