Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Бело месо во сос од павлака и печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 600 гр. бело месо

* 1 главица кромид

* 400 гр. печурки

* 500 мл. павлака

* 100 гр. кашкавал

* 1 лажичка сенф

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Белото месо исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во прашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени.

Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф.

Во тавата во која се пржеше месото пропржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и динстајте додека не омекнат. По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо.

Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата. Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Добар апетит!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement