• Сподели на:

Трикови за релаксација на работното место

___

Имате 364 нови пораки во инбокс, само што го истуривте кафето на новите пантолони, а состанокот во конференциската сала е за 5, 4, 3 минути… Со други зборови, ова е моментот кога ви е потребна релаксација, минута пауза, тишина.

 

Кога се чувствуваме напнати, под стрес, викенд поминат во спа ценатр или на плажа, километри далеку од канцеларијата и гужвите решава сè. Но, што да правиме кога немаме време ниту да здивнеме, односно кога одморот е многу далеку, а ние сме 24 часа во петта брзина

 

Голтка зелен чај

 

Наместо да им се обраќате на колегите со црвенило на лицето, треперлив глас, скокнете до кујната и направете си зелен чај. Овој чај е богат извор на танин, супстанца која го намалува бесот.

 

Коцка чоколадо

 

Само една коцка чоколадо може да ви ги смири нервите. Секогаш имајте на дофат, во фиоката до вас, некое црни чоколадо бидејќи тоа го регулира новото на хромонот кортизол кој влијае на стресот.

 

Лажичка мед

 

Намалете го стресот со доза благо. Покрај тоа што е природен чувар на кожата и одличен антибиотик, медот исто така ги обликува супстаницте кои формираат заедничко соединение кое влијае на мозокот така што се бори против депресијата и анксиозноста.

 

Медитација

 

Не е потребно да се изолирате и да отпатувате на некоја планина за да медитирате. Студиите докажале дела само два кратки моменти на тишина и мир во денот можат да го намалат стресот и депресијата. Пронајдете некое мирно место во компанијата, концентрирајте се на дишењето, замижете и ке почувствувате како анксиозноста исчезнува, го напушта вашето тело.

 

Ставете ја главата на перница

 

Некои денови ни е потребно да спиеме само неколку часа. Час, два. Но сè повеќе се деновите кога немаме време за тоа, ниту пак е дозволено на работното место. Меѓутоа, доколку на работното место си земете со себе некое мало перниче, веќе сте на половина пат до релаксација. Обидете се со следново: кога ќе ве фати стрес одморете пет минути со глават опуптена на перничето и замислете си како истото од вас ги вади зите грижи и стрес.

 

Броите наназад

 

Кога ќе почувствувате дека обврските само се нижат, а главата само што не ви експлодирала, обидете се полека да броите наназад до 10 па повторно до 10, за да се смирите. Ќе бидете помалку нервозни околу некој рок или датум доколку се фокусирате не броење, односно кој број доаѓа после бројот 7. (Еј, основното училиште беше мноооогу одамна.)

 

Замижете

 

Замижете една минута. Замете здив длабоко и направете пауза од работа. Тоа е одлична вежба која ќе ве смири и ќе ве фокусира.

 

Масажа на прстите

 

Кога пред вас нема ниту еден профи-масер, обидете се самите себеси да се измасирате, особено вратот, делот кај рамената и дланките на кој се наоѓаат точки кои се тесно поврзани со нервите. Ова е особено препорачливо за лица кои на работното место постојано куцаат на тастатура. Рацете можат да „однесат“ голем дел од стресот.


Оставете коментар

___