Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Ви се приспа на работа?!

Иако од повеќето од нас се очекува да бидеме свежи, одморени, ефективни и полни со работен елан, има денови кога едноставно ништо не ни оди од рака. Понекогаш се чувствуваме многу уморно и често ни се спие, а поединци поради неможност да се контролираат, накратко знаат и да ги „склопат очи на неколку минути“.

Причините за вакво однесување можат да бидат различни, од медицински до тоа што не спиеме доволно, не сме физички активни, до тоа да сме хронично уморни и под стрес.

– Ако луѓето ги фаќа умор на работно место, неопходна им е пауза бидејќи е невозможно да се работат осум часа дневно во континуитет и без престанок. Не би било лошо на, отприлика секои 3 часа да се прави кратка пауза, да се „побегне“ за момент од работата за да се поврати концентрацијата. Тие кратки одмори можат да влијаат на работната ефективност – вели психолохгот Сања Марјанович.

Со забава против спиење

– излезете на кратка прошетка

– споделете некој трач 🙂

– земете чоколада ( поради енергија)

– поиграјте игра на компјутерот

Техники за одбивање „напад“ на спиење

направете неколку длабоки издишувања, на мозокот му треба повеќе кислород, а најдобро би било да го направите ова на свеж воздух

– помирисајте масло од пеперминт, ова масло делува како миризлива сол, а делува позитивно и на расположението

– жвакајте мраз – тешко е да заспиете кога во устата нешто гласно се дроби, а притоа ви смрзнуваат забите 🙂

Пробајте акупресура – директно третирање или притискање на точки на телото ( ушната школка, задната страна на листовите, внатрешниот дел од раката помеѓу палецот и показалецот) можат да направат да бидете побудни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement