Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Преку говор на телото до успех во работата

Постојат тајни трикови за напредување во кариерата – и тоа не е прекувремена работа, дополнителни проекти, па дури ни вистински зборови во вистинско време. Се предавате? Тајната е во тоа како се движите. Може да го користите говорот на телото за да ја насочите ситуацијата онака како вие сакате, а останатите да не бидат свесни за тоа.

“Суптилни промени во вашето држење може да испратат потсвесни пораки на луѓето околу вас”, вели експертот за говор на тело, Џенин Драјвер, автор на на книгата “Кажувате повеќе отколку што мислите” (You Say More Than You Think”). Џенин, која повеќе од една деценија ги обучува членовите на американските агенции за спроведување на законот да го “читаат” говорот на телото, открива потези кои ќе ви дадат предност.

 

 

karie

1. Надминете ги грешките

Ако сакате да спречите експлозија на емоции од вашиот претпоставен, застанете на страна од него, на оддалеченост од околу половина метар. Ова е мирољубив став со кој и претпоставениот ќе посака да ја надмине вашата грешка. Зајакнете ја вашата позиција и кажете: “Ова  нема да се случи никогаш повторно.”

 

kar

 

2. Победете ги негативците во канцеларија

Обратете им се директно (не ја наведнувајте главата, бидејќи тоа значи дека барате одобрување) и подиогнете ја брадата за околку 5 см. Ќе зрачите со самодоверба бидејќи ги гледате од висина. Користете одбивен гест со раката, така што дланката ќе биде свртена надолу, покажувајќи дека вие имате контрола и дека не паѓате на нивните глупости.

ka

 

3. Надмудрете ги колегите кои имаат натпреварувачки карактер

Додека разговарате со нив, испружете ја раката преку нивното биро. На овој начин праќате порака на несвесно ниво дека сакате да завземете дел од нивната територија. Допирајќи го нивниот простор, вие се претставувате како алфа колега и им порачувате дека можете и ќе го добиете она што го сакате.

krie

 

4. Нека ви велат ДА

За да ги наведете колегите да се согласат да ви направат услуга, користете техника со која се служат полициските службеници за време на испрашување, гестикулирајте со една крената рака. Потоа раката ставете ја на срце во моментот додека го изговарате вашето барање, порачувајќи дека е искажано “од срце”. За да го запечатите договорот, застанете на некоку секунди пред да ги изговорите клучните зборови, на пример: “ Знам дека сите сме зафатени, но дали би можела (пауза) да ја превземеш мојата смена?” Таа краткотрајна тишина суптилно ја заокружува вашата изјава како потсвесна наредба, наведувајќи на согласност.

k

 

5. Брилјирајте на состанок

Изберете место во близина на вашиот шеф (така тој ќе почувствува поголема поврзаност со вас). Седете на првата третина од столчето, бидејќи така ќе делувате како да имате контрола и дека сте активно вклучени во проектот. Овој психолошки изум ќе го наведе да ве поврзе со работата и себе, па ќе има поголема веројатност да се сложи со вас.

postures-powerful-ancient-signals

 

6. Замолчете го непријатниот колега

Продолжете да гледате во тоа што го работите додека тој зборува, а со рацете направете гест познат како револвер во рацете (прекрстете ги сите прсти, освен показалецот кој претставува цевка на замислениот “револвер”). Наведнете ја “цевката” на усните и така суптилно ставате до знаење дека не сакате да зборувате. Ако тие и понатаму не ја сфаќаат вашата порака, целете кон нив додека им кажувате нешто неутрално, како, “Имам многу работа”.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement