Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

ПЕТ ТАЈНИ ДО УСПЕШНА БИЗНИСМЕНКА

Многу млади жени професионалки се преплашени дека никогаш нема да им се обрне внимание на нив, дека ќе бидат игнорирани и прескокнати  за потенцијалните можности за унапредување, бидејќи тие не ја проектираат правилната слика за себе .

Денес со вас ќе споделиме 5 лекции кои ќе ви помогнат на патот до успешна бизнисменка.

1 . Бидете чекор пред другите !

Најдобар начин за сите да ве сфатат озбилно е самите да се сметате за такви. Станете рано и дојдете на вашето работно место на време, бидејќи ако сте уморни или несконцентрирани тоа ќе ја намали вашата доверба во себе, а и довербата на другите во вас.

2 . Распределете ја работата !

Обидите да направите сe сами се одлични, но луѓето ќе ве почитуваат многу повеќе ако распределувате некои од помалите задачи до нив, и преземате контрола на оние поважните, наместо да се измачувате со секоја работа околу себе.

Луѓето кои распределуваат се добри лидери, а доброто лидерство никогаш не поминува незабележано.

3 . Најдете ментор !

Ако сте доволно среќни да најдете добар ментор , тоа е како да сте добиле џекпот ! Сите моќни бизнисменки во некоја фаза се огледале на некој над нив.

Можностите и искуствата што ќе ви бидат понудени како совети, се непроценливо вредни за вашата кариера.

4 . Знајте ја својата вредност !

Треба ли да се каже повеќе ? Не се потценувајте и не прифаќајте помалку отколку што се вреднувате. Ако се одлучите за помалку, долго ќе се борите да стигнете до врвот. Затоа решително преговарајте за вашата плата, бенефиции и барајте го најдоброто во замена за вашата способност.

Ако не сте задоволни со вашиот надомест,  најдете нова работа!

5 . Слушајте , гледајте и учете !

Ако се чувствувате како да сте на врвот на својата кариера, најверојатно некој е одма зад вас и само чека шанса да го зграби вашето место. Никогаш не треба да станете безгрижни. Бидете внимателни за она што се случува околу вас и слушајте ги сите што зборуваат, без оглед на нивната позиција. Понекогаш најголемите инсајдерски информации доаѓаат од најнеочекуваните извори!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement