Среќникот мора да биде образован и да има смисла за пишување, да биде дискретен, елоквентен и комуникативен.
Ако некогаш сте сонувале за патувања на луксузни дестинации ширум светот, а при тоа да не потрошите ни еден денар, ова за вас ќе биде животна прилика. Имено, туристичка агенција за луксузни патувања бара некој кој ќе патува една одина со буџет од милион долари и ќе пишува рецензии. Една година, овој среќник ќе треба да поминува во луксузни хотели, да јаде во најдобрите ресторани и да поминува време на некои од најубавите плаѓи во светот. На патувањето би можел да поведе и усште една личност.
Секако постојат и одредени услови кои мора да ги исполни. Овој среќник мора да биде образован, да има смисла за пишување, да биде дискретен, елоквентен и комуникативен. Мора да поседува одредени знаења за земјите кои и посетува. Покрај ова, мора да знае многу за светските кујни и уметноста.
Освен луксузни хотели, ќемора да посетува ноќни клубовии ресторани. Во патувањето е предвидено и возење со луксузни јахти и возење со луксузен јапонски воз, кој се состои од 1 апартмани во седум вагони. Престојот во еден од апартманите чини 2400 фунти за ноќ.
Како би се пријавиле за оваа работа морате да се регистрирате на страницата VeryFirstTo.com/job и со 65 зборови да образложите зошто баш вие ја заслужувате оваа прилика. Со ова морате да приложите и своја биографија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=tGZgrK6gUwk

You must be logged in to post a comment Login