За да не ја оплескате приликата, задолжително прочитајте кои грешки не смеет да ги направите …
1. Не доаѓајте неподготвени
Пред да одите на раговор, истражете ја компанијата, нивната политика и филозофија за во случај да ви биде поставено некое прашање во врска со нивното работење. Пожелно е и да дадете некој позитивен коментар за нивната работа.
2. Не се обелкувајте неприкладно
Факт е дека во денешно време облеката го прави човекот. Но да не се лажеме, отсекогаш било така! Имајте на ум дека ќе оставите добар прв впечаток согласно ова правило, па затоа погрижете се впечатокот да биде добар. Облечете се професионално и уредно. Избегнувајте прекратки здолништа и фустани, длабоки деколтеа, нападни бои, како и пренагласена шминка.
3. Не доцнете
Не само што не смеете да заоцните, туку потрудете се на договореното место да бидете барем 15 минути пред договореното време. Ако не го познавате најдобро делот од градот во кој одите на разговор за работа, на време проучете ја рутата која треба да ја поминете, за случајно да не се изгубите или да заглавите во сообраќај.
4. Не ги критикувајте поранешните колеги
Без оглед на тоа колку вашиот поранешен шеф или некој од колегите биле неколегијални, тоа не го кажувајте. Со озборувањето на поранешните соработници оставате впечаток на детинеста и незрела, како и непрофесионална личност.

You must be logged in to post a comment Login