Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Неколку совети: Што треба да правите за да изгледате професионално?

Нормално е дека сите сакаме да оставиме добар впечаток на професионална личност кога сме на интервју за работа или семинар, а втора шанса за прв впечаток не постои.

Ова се неколку трикови кои ќе ве направат професионална личност само во неколку чекори.

Носете очила

Очилата ви даваат професионален изглед без разлика дали сакате да делувате така или не. Луѓето кои носат очила автоматски укажуваат на сериозни, добро ситуирани, а најважно од се професионално настроени личности кои држат се под контрола.

Доколку не ви се потребни очила, купете без диоптер, со обични стакла.

Купете актовка или папка

Сите ваши документи чувајте ги во актовка или папка, наместо во чанта или ранец.

Актовката ги асоцира луѓето на бизнисмени или шефови кои знаат како да се однесуваат професионално и сериозно. Покрај тоа добивате моден детал кој ќе може да го носите секој ден.

Сите ваши документи средувајте ги по дата или азбучен ред

Не е доволно да купите актовка или папка доколку вашите документи изгледаат несредено и измешано во нив. Подредете ги сите ваши документи по дата или азбучен ред. Покажете дека внимавате на деталите и педантноста.

Користете незабележлив накит и шминка

Користете накит и шминка кои ја покажуваат вашата женственост, но не делуваат нападно.

Купете кошули

Иако не сте обожавател на кошули, тие влегуваат во едни од најважните детали кои ќе допридонесат во вашиот професионален изглед.

Купете неколку во вашите омилени бои и почнете да ги комбинирате. Ќе ги засакате брзо бидејќи во нив ќе се чувствувате како професионалец.

Движете се бавно и грациозно

Движењето на телото кажува многу за вашата личност. Движете се лежерно, бавно и опуштено, но сепак сигурно.

Зборувајте културно

Исто како и движењето, зборувањето ја изразува вашата личност и знаење. Користете литературни зборови и изрази кои му доликуваат на еден професионалец како вас кој има познавање од различни области на секоја тема.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement