Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Не наоѓаш работа? Обнови ја својата кратка биографија

Не наоѓаш работа? Обнови ја својата кратка биографија

Изгледа невистинито, но работодавачите во компаниите ги гледаат кратките биографии кои се обновени и во согласност со новите технологии. Каква е твојата биографија? Во продолжение ти откриваме неколку трикови.

 

1- Покажи колку вредиш. Стави ги настрана биографиите кои содржат само лични податоци и минати работни искуства, работодавачите во кратките биографии бараат кои се твоите способности, таленти и карактеристики кои те издвојуваат од останатите. Пред да започнеш размисли што можеш да и понудиш на компанијата? Размисли за одговорот и напиши го.

2. Биди отворена и искрена. Твојата кратка биографија ќе ти ја отвори вратата на првото интервју. Доколку во неа напишеш способности кои ги немаш или пак минати работи кои не си ги работела, сè пропаѓа во вода кога ќе се соочиш лице в лице со оној кој го прави интервјуто. Секогаш кажувај го своето вистинско работно искуство.

3. Оригиналност. Доколку една од твоите наведени способности (без рзалика за која работа станува збор) е дека си креативна или динамична, покажи го тоа со видео-биографија. Во неа треба да ги вклучиш твоите лични податоци и контакт и да кажеш кои се твоите професионални способности и што можеш да понудиш. Внимавај со должината, не смее да трае повеќе од 2-3 минути.

4. Задржи ги твоите социјални профили. Не може да не се забеежи дека социјалните мрежи се новата алатка за барање работа. Кога еден работодавец ќе ја прими твојата кратка биографија, сигурно го бара твоето име на Google за да ги види твоите профили на Twitter, Facebook или LinkedIn. Задржи ги и преку нив претстави го само твојот професионален профил.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement