Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Начини како да го преживеете ужасниот менаџер

Го мразите шефот, нели? Добро е што не сте сами. Претпоставувам дека секојдневно се соочувате со коментари: “си ја мразам работата” или  “шефот/шефицата ми е буквално излезен/а од пеколот”. Други пак велат дека не се соодветно третирани на работа, неценети или пак преправени со работа. Од причина што веројатно нема шанса да го промените вашиот шеф, прочитајте ги предложените начини како да се справите со оваа вознемирувачка појава.

 

1. Не дозволувајте вашиот шеф да го дефинира вашето работно искуство

Фокусирајте се на колегите, на оние кои ви одговараат директно вам (само не го правете она што вам ви го прават), моментните проекти на кои работите, а со тоа ќе се покажете позитивно пред оние кои директно работат со вашиот шеф.

handling-office-problems-3

 

 

2. Проговорете за проблемите, само изберете го вистинскиот момент

Наместо да се жалите и да се полните со негативна енергија, закажете состанок со вашиот шеф и објаснете дека неговото/нејзиното однесување не е во ред и дека ви влијае на работата. Повеќе ќе ве цени доколку директно се обратите нему/нејзе, отколку да се жалите наоколу.

 

officestress

 

3. Работете напорно, придонесувајте и бидете исполнителни

Доколку ги одработувате задачите одлично, а повторно имате проблем, време е за реевалуација.

 

Young business professionals discussing seriously

 

4. Побарајте нешто подобро

Нека ве мотивира вашето незадоволство. Побараје нови можности, одете на информативни, неофицијално состаноци, само пред да преземете ваков чекор, внимавајте да не ја загрозите вашата моментална работа. Заслужувате да си ја сакате работата и вашиот шеф. Не дозволувајте еден лош и несоодветен менаџер да ве става во ситуација да се мислите постојано како да дадете отказ и да си ја мразите работата.

 

url

 

5. Избришете ги негативните емоции од работното место со активности надвор од истото

И покрај тоа што поминувате голем дел од денот на работа, мора да барате активности надвор од канцеларијата за да се наполните со позитивна енергија. Затоа, излегувајте почесто, правете работи кои ве прават среќни. Не седете со скрстени раце и престанете да негодувате за тоа колку ви е лошо на работа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement