Те избркаа од работа и мислиш дека ти се срушил светот? Еве 13 причини кои ќе те уверат дека не е крај на светот.
1. Една работа цел живот? Каква досада! Сега имаш можност да пробаш нови работи. Размисли, оваа работа ти даваше крилја или те оковуваше?
2. А ти, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Искорити ја оваа можност која ти ја дава животот за да се посветиш на она што навистина го сакаш.
3. Доколку погледнеме низ некоја дупка во универзумот, сметаш дека компанијата бо која си работела е центарот? Тоа е само една мала точка, која е непозната за многу жители на нашата планета. Постојат уште илјадници компании кои можат да те направат среќна!
4. Искрено, беше среќна во компанијата? Ако си била, не мислиш дека можеш да бидеш дури и посреќна во некоја друга компанија? А ако не си била, навистина мислиш дека не го заслужуваш тоа?
5. Што бараш од твојата работа? Да ги задоволи твоите сопствени потреби во замена за твојата посветеност или да го посветиш својот живот за да ги задоволиш потребите на другите во замена за твојата сопствена среќа?
6. Размисли: Какви таленти имаш?; Што правиш навистина добро?; Како можеш да придонесеш за овој свет?; Која е твојата мисија?; Сега е моментот да си ги поставиш овие прашања. Сега или никогаш!
7. Навитина ли мислип дека оние кои ја напуштаат компанијата „вредат помалку“ од оние кои остануваат во неа? Ако твојот профил не се поклопува со типот на вработен кој компаниите денес можат да си дозволат да го задржат, и ако не си вклопуваш во бараниот модел на вработен, тоа знали: така е, но и не е! Ти си посебна, како и мног други сјајни личности кои скршнале од патот по кој оделе но не престанале да целат кон остварување на своѕте соништа. Прочитај ја книгата за Стив Џобс или за некои дурги „победници“ кои ќе те уверат дека ова не е лага!
8. Игнорирај ги фаталистите кои невработеноста ја гледаат како прашање на живот или смрт. Не драматизирај, и онака тоа не ти користи. Што ќе мислиш за сево ова што ти се случува за десет години од сега?
9. Дозволи си да му покажеш прст на колегата кој се фаќаше за сламка само за да не го избркаат или на кратковидиот препотентен шеф. Ти си слободна сега! Смеј се.
10. Не постои ништо апсолутно лошо или апсолутно добро во тоа што си добила отказ. Кон што сакаш да се насочиш? Само победниците стануваат повторно и се борат за она што го сакаат.
11. Сакај се! Подари си ја целата љубов која ти е потребна за да заздравиш од ударот. Заслужуваш оддишка. Време е да се оденсуваш како свој најдобар пријател. И прифати ја помошта од оние кои искрено ти подаваат рака.
12. Кој ти суди? Тие се во твојата кожа? Немој да се осудуваш. И кога ќе се појави оној критичен глас во тебе, не заборавај да направиш баланс меѓу позитивните страни кои ги имаш. Биди фер и реална.
13. Искористи ја можноста да се ослободиш од сè што не ти одговара и создади си нов живот. Конците се во твои раце.

You must be logged in to post a comment Login