Според експертите, имаме од 7 до 17 секунди пред некој да формира мислење за нас. Да оставиш добар впечаток на интервју за работа или на состанок со потенцијален клиент е фундаментално. Запомни ги овие совети:
– Дај му предност на соговорникот: не зборувај само ти и само за себе, соговорникот нека биде центарот на вниманието, но се разбира треба активно да учествуваш во разговорот.
– Слушај: покажи интерес за она што соговорникот го говори. И без да го прекинуваш, дај до знаење дека го следиш разговорот.
– Биди внимателна: насмевнувај се, гледај право во очи… со своите гестови покажи дека го следиш разговорот.
– Биди разбирлива: лицата кои се срамежливи зборуваат тивко, дури и шепотат. Изговарај ги зборовите јасно и со разбирлив тон.
– Не претерувај со шегите: хуморот е добра алатка доколку добро се користи, но ако не го познаваш добро соговорникот или едноставно се наоѓаш во работна средина, подобро е да ги избегнеш шегите за да не досадуваш или да не повредиш некого..
– Набљудувај ги одговорите и емоциите на соговорникот: обиди се да видиш како реагира и какви емоции покажува. Тоа ќе ти послужи да дознаеш дали станува збор за срамежлива личност, што очекува од тебе, како размислува, итн.
– Стави се себе си на исто ниво на срдечност: на тој начин нема да бидеш ни премногу ни премалку срдечна. Покажи онолку колку што покажува соговорникот.
– Биди позитивна: однесувај се позитивно и оптимистички и обиди се тоа да го пренесш. Покажи, преку своите реакции и гестови, дека ти е добро во друштво на соговорникот, дека го почитуваш, но немој да се преправаш: биди своја.

You must be logged in to post a comment Login