Многумина мислат дека полесно е да се работи од топлиот дом. Можеби и не е така. Во канцеларија знаете дека таму мора да бидете од “9-5” и да работите, бидејќи други опции нема. Со работа од дома, знаете дека тука имате телевизор, фрижидер, кревет и се останао што многу лесно може да влијае на вашата концентрација. Ви претставуваме неколку совети како да останете фокусирани кога работите од дома.
1. Пронајдете свој простор
Тоа не мора секогаш да биде вашата работна маса, туку она место на кое се чувствувате најудобно. Обидете се што помалку да лежите. Научно е докажано дека во таа положба човекот е помалку продуктивен, а работата нема да се заврши сама.
2. Без телевизор
Телевизорот, докажано, е најголема пречка за работа, бидејќи одзема премногу внимание и со него нема да се концентрирате како што треба.
3. Јадете во редовни интервали
Многумина грешат кога користат една подолга пауза во текот на работниот ден и тоа претежно за обилен ручек, после кој се чувствуваат како да е време за одмор и спиење. Не! Користете мали и чести паузи, инаку ќе “прегорите”.
4. Без социјални мрежи
Покрај телевизорот, една од најголемите закани на вашата работа се и друштвените мрежи. Една минутка за проверка на Фејсбук, многу брзо се претвара во една минутка проверка на Твитер итн. Проверете ги профилите пред работа или на паузите, за вашиот работен ден да не се претвори во рабона вечер.
5. Распределете ја работата
Би било добро навечер да одвоите пет минути и да ја распределите работата. Полесно е кога знаете што точно треба да направите, а и ќе се чувствувате подобро кога знаете дека сте завршиле се. Секогаш е подобро да се работи однапред, отколку да касните со работата, зарем не?

You must be logged in to post a comment Login