Има закоравени типови кои мислат дека мора со години да се мачите за да успеете. Еве што да направите ако шефот ве кочи …
Пронајдете поголем идол
За да се извлечете од канџите на својот претпоставен, мора да воспоставите добри односи со луѓето кои се над него/неа. Дури и ако тој/таа не мисли дека сте подготвени да напредувате, вашите ментори би можеле да кажат по некој добар збор за вас.
Побарајте помош
Тој/таа можеби ви попречува да напредувате затоа што претпоставува дека сте подобри од него/неа. Со цел на таква личност да и дадете до знаење дека е таа е суште главна, замолете за состанок на кој ќе побарате да ве посоветува како да напредувате во кариерата.
Најдете сојузник
„Главна фаца“ не може да се обидува да ве закочи доколку другите од таа струка ве почитуваат. Вклучувајќи се во професионална група и поврзувајќи се со клучните играчи, станувате сериозен фактор на кој мора да се смета.
Рзгледајте ги алтернативите
Вашиот шеф можеби е така ѓаволски одлучен во намерата да не ви дозволи да напредувате, што може да ви ги саботира шансите за успех. Ако сте ги пробале сите трикови кои се наведени погоре, но безуспешно, размислете за ново вработување.
Златни правила за успех:
Што и да одлучите на крајот – да го смените работното место или да продолжите ревносно да се борите за својата позиција – придржувајте се до овие добри стари правила, кои ќе ви помогнат да го задржите своето место под работното сонце.
Напишете благодарници
Без разлика дали сте биле на интервју за работа или на одличен состанок со бизнис партнерот, кратката благодарница која ќе ја испратите ќе ви даде печат на личност со стил и ќе ве издвои од масата.
Чувајте ги доказите за успех
Зачувајте го секој важен мејл или пофалба од шефот, за да имате црно на бело да им покажете на „важните ѕверки“ дека сте подговтени за унапредување.
Покажете интегритет
Никогаш не знаете кој ќе биде вашиот следен шеф, затоа не правете работи кои ќе ве прикажат во лоѓо светло, како што се трачарење, превземање туѓи заслуги или празни муабети.
Изгледајте добро
Луѓето го стекнуваат првиот впечаток на основа на изгледот. Ако изгледате неуредно, ќе делувате мрзеливо или нессодветно за да би можеле да функционирате успешно.

You must be logged in to post a comment Login