Стрес на работното место, напнатост, нервоза… сѐ што треба да направите е да се опуштите. Што велите за одмор на планина во природа? Или на плажа – ладен коктел до вас и уживање под сонцето? Звучи одлично, но не секогаш имаме време за одмор, посебно кога сме затворени во канцеларија, кога цел ден доаѓаат и си одат странки, кога шефот ни „труби“ над глава.
Еве неколку совети за тоа како да се опуштите на работното место:
– Чоколадо
Коцка црно чоколадо може да ви помогне да се опуштите. Секогаш имајте барем еден ред до вас за да си ги смирите нервите доколку е потребно. темното чоколадо го регулира нивото на хормонот кортизол кој влијае на стресот.
– Зелен чај
Зелениот чај е богат извор на танини, супстанции кои го намалуваат бесот. Две-три голтки се доволни за да се смирите. Барем нема да бидете растреперени пред колегите или шефот.
– Мед
Покрај тоа што медот е заштитник на кожата и одличен антибиотик, медот влијае и на мозокот. Помага при борбата против депресија и анксиозност.
– Медитација
Понекогаш ви е преку глава од сѐ и посакувате да отпатувате за да не слушате никој околу вас. Ова можете да го направите и со медитација. Истражувањата покажуваат дека неколку моменти тишина и мир во денот влијаат при намалување на стресот и депресијата. Најдете тивко место на вашето работно место, фокусирајте се на себеси, затворете ги очите и отпатувајте некаде во мислите. Полека ќе почувствувате како вознемиреноста се намалува.
– Ставете ја главата на перница
Некогаш е потребно да дремнеме за едноставно да продолжите понатаму. Сепак, тоа вообичаено не е дозволено на работното место. Меѓутоа, понесете си едно мало перниче со вас на работа. Доволно е да ја ставите на вашето биро и да ја наведнете главата врз неа. Замислите како перницата ги извлекува сите грижи и сиот стрес од вас и за неколку минути ќе се почувствувате подобро.
– Броите
Кога ќе забележите дека стресот ви расте, дека обврските немаат крај, дека главата ќе ви „експлодира“, почнете да броите. Вдишете длабоко и почнете полека да броите до десет, а потоа и наназад до еден. Повторете го ова уште еднаш.
– Креативна визуелизација
Исклучете се и замислите како вашата симпатија од Холивуд тропа на вратата и ве кани на вечера и вие велите „да“. Или, пак, замислете дека имате пет нови епизоди од омилената серија. Отпатувајте во мислите. Креативната визуелизација која е јасно поврзана со нешто што нѐ прави среќни и задоволни има голема моќ за брзо релаксирање кое можете да си го дозволите во секое време.
– Замижете
Затворете ги очите на една минута. Вдишете и издишете длабоко. Одморете се од работата, од сѐ што ве мачи. Ова е одлична вежба за одмор и фокусирање.
– Масажа со прсти
Бидете си сами на себе професионален масер. Пробајте да се измасирате на вратот, рамената и на рацете. Ова најмногу се препорачува за луѓе кои работат пред компјутер. Рацете можат да бидат големи предизвикувачи на стрес.

You must be logged in to post a comment Login