Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како да дојдете до саканото унапредување?

Ако мислите дека само со напорна работа и преданост ќе ви биде загарантирано унапредувањето, грешите. Работите денес функционираат различно.

Вашиот претпоставен нема никогаш отворено да ви каже како можете да дојдете до повисока плата или да на предувате во работата. Тоа што го мислите вие е сигурно многу далеку од вистината.

Престанете да мислите дека најважна работа е добро да работите

Доброто работење не е единствена работа што се бара. Секако, поврзана е со успехот, но само до одредена мера. Според едно истражување во работната средина подобро поминуваат оние кои тоа што го работат знаат да го „зачинат“ со големи зборови и гестови, но и со жалби за тоа колку „многу“ работат.

Самопромоција

Луѓето кои имаат нарцисоидни карактеристики значително подобро поминуваат на работното место отколку оние другите. Иако децата ги учиме дека себичноста не е добра особина, изгледа дека во денешно време значително помага во напредувањето во професијата. Ако знаете да зборувате за себе во суперлативи, ако знаете да се пожалите дека ви е премногу тешко и ако знаете да се претставите како незаменливи, деловниот свет ќе биде ваш.

Или се качувате или испаѓате од игра

Ова се трите клучни чекори за тоа како да напредувате во работата. Најпрво дајте сѐ од себе вашите претпоставени да дознаат што сте направиле и постигнале. Потоа започнете да ја обликувате перцепцијата на вашите надредени но и на вашите колеги. Сите мора да мислат дека многу работите, па дури и ако тоа не е вистина. И трето, наместо да ги засукате ракавите и да се зафатите со уште потемелно завршување на работните обврски, посветете се на проучување на првите два чекори. Ако не можете да го направите тоа, ви останува само да се откажете.

Повисоките плати се само за најдобрите работници да не заминат од работа

Не надевајте се на поголема плата ако вашите претпоставени не мислат дека сте вреден кадар. Според едно истражување најлесно добиваат унапредување вработените кои имаат и споредна работа. Ако работодавците сакаат да ги задржат и не сакаат да ги препуштат на друга фирма, многу лесно ќе има дадат поголема плата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement