Сакате да се одбраните од непосакуваните сексуални дофрлања на работа? Еве како да го сторите тоа, без притоа да ја нарушите својата репутација…
Во Србија, на една рака може да се избројат пријавите против сексуални вознемирувања на работа. За жал. Тоа не значи дека не постојат. Напротив! Една анкета покажа дека 48% од читателките на едно списание биле изложени на некаков вид сексуално вознемирување на работа, додека само 5% од нив го пријавиле случајот. Една од причините за непријавување е тоа што овој вид вознемирување не е лесно да се идентификува.
Очигледен облик на сексуално вознемирување на работното место е кога шефот јасно и гласно ви се заканува или ве деградира кога се спротивставувате не неговото изнудување. Другиот тип, непријателско работно опкружување, не е така јасен. Тука спаѓаат непријатно однесување – дофрлување, сексистички вицеви, штипкање, вулгарни фотографии и сето она што ја прави атмосферата во канцеларија напната.
Смирете ја ситуацијата
Да речеме дека сте го фатиле колегата како зјапа во вашите гради. Ако во тој момент веднаш се пожалите до некој надлежен од одделениоето за човечки ресурси, тоа може да создаде поголеми проблеми од што реално се создадени од ситуацијата, под услов споменатиот колега само незрело да се однезува и тоа да не вклучува закани и физички контакт. Затоа, доколку само сакате да ве остави на мира, дајте му до знаење дека сакате да престане со таквото однесување. На пример: „Треба да испечатам копија од Законот за сексуално злоставување за во нашата компанија. Очигледно ти треба потсетување“.
Доколку ова не помогне, бидете директни и кажете му в лице: „Правиш да се чувствувам непријатно. Те молам престани“. Ако и после ова не престане или премине кон физичко малтретирање, вашиот следен чекор е…
Кажете му на својот претпоставен
Тој или таа ќе го пријави сличајот во секторот за човечки ресурси, кои е обврзан да спроведе истрага. Ако шефот го игнорира вашиот проблем, одете директно во надлежниот сектор. Ќе бидете замолени да ја кажете својата страна на приказната, а вашиот напаѓач, како и другите сведоци, исто така ќе бидат испрашани. Доколку тоа бил негов прв прекршок, злоставувачот може да добие опомена или случајот да биде изнесен пред некоја повисока инстанца во компанијата. Меѓутоа, ако и претходно му се случувале слични ситуации, тој би можел да остане без работа.
А што ако тоа го прави вашиот шеф
Исто како да станува збор за некој ваш колега, кажете нешто со кое ќе му ставите до знаење дека не ви се допаѓа неговото однесување. Нека не ве плаши фактот дека тоа е вашиот претпоставен. Според законот, секторот за човечки ресурси мора да спроведе истрага според прописите. Доколку онаму каде пто работите не постои ваков сектор, жалбата упатете ја до Трудовата инспекција или до друг надлежен орган. Или пак можете телефонски да побарате помош, а надлежните ќе го испитаат случајот бесплатно.
Доколку се покаже дека вашата жалба имала основа, надлежните ќе се обидат да го рзрешат проблемот. Тоа може да вклучува задолжително советување за вашиот шеф, но може да заврши и со судска тужба против компанијата во која работите, при што најверотано ќе мора да сведочите. Знаеме дека не е лесно, но не се откажувајте. Заштитете се!

You must be logged in to post a comment Login