Почитувајте ја личноста со која разговарате без оглед колку е тешка за комуникација. Не реагирајте на провокациите и останете прибрани за време на разговорот. Ова се правила до кои треба да се придржувате кога имате комуникација со конфликтна личност.
Личноста која секогаш влегува во конфликти со останатите личности никогаш тоа не го прави без причина. Обидете се да откриете што се крие во позадина на таквото однесување, што ќе ви помогне да размислувате рационално.
Кога веќе знаете зошто таа личност реагира агресивно, обидете се со неа да разговарате, но не на истиот начин на кој таа реагира.
Личноста со која работите не можете да ја избегнете, но можете да пронајдете некој кој ќе ви биде подршка во тие моменти. Така ќе се чувствувате сигурни.
Ако личноста која создава конфликти сака да разговара со вас за нешто што би можело да доведе до расправија, потрудете се да ја промените темата или да го задржите неутралниот став.

You must be logged in to post a comment Login