Испраќате своја фотографија со вашата биографија?
Со нашите совети, за кои веќе пишувавме, можете да видите како би требало да изгледа квалитетно CV. Но, околу една работа поврзана со него крева многу прашина, а тоа е фотографијата.
Иако изгледа како ситница, експертите предупредуваат дека дефинитивно може да влијае на изборот на кандидатите за работата. Тоа особено важи за атрактивните жени, кои ги советуваат да не испраќаат слика поради една многу едноставна причина.
Во одделите за човечки ресурси најчесто работат жени и тие ги бираат кандидатите за работа. Многу истражувања покажуваат дека поради љубомора и сопствена несигурност нивото на дискриминација на атрактивните кандидатки за работа е многу високо.
Испраќање на фотографијата автоматски ја намалува шансата за добивање на работата, додека од друга страна тие имаат поголема шанса да бидат унапредени од останатите жени. Но прво треба да ја добијат работата, нели?
Едно од последните такви истражувања го спроведоа Bradley Ruffle и Ze’ev Shtudiner, испраќале измислени молби за работа и тоа за повеќе од 2500 работни места. За секоја работа испраќале по две многу слични биографии една со слика и една без.
Освен љубоморрата на атрактивните кандидатки, откриено е дека згодните мажи го немаат тој проблем, всушност, напротив тоа им ги зголемило шансите за работа.
Генерално, кога се работи за директно испраќање на молба за работа, атрактивните жени треба да испратат по 11 биографии пред да ги повикаат за разговор, додека останатите подееднаво квалифицирани, мора да испратат само 7.
Исто така, во истражувањето поврзаноста меѓу изгледот, односно убавината и способноста за работа не бил фактор.
Што велите на резултатите?

You must be logged in to post a comment Login