Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Едноставни техники кои ќе ви помогнат да се допаднете на другите луѓе

Научете како да им се допаднете на другите луѓе, можеби еден ден ќе ви треба кога кое ќе отидете на разговор за работа можеби.

Сите луѓе сакаат да бидат сакани во своето окружување, но понекогаш изгледа како околината да не сака да ви даде шанса за подобро да ве запознаат. Тоа може да стане голем проблем доколку е таква ситуацијата помеѓу вас и вашите колги. Кога веќе постои одреден однос или кога влегувате во потполно нови односи, постојат доста работи кои можете да ги направите за да ја промените ситуацијата.

Ова се неколку совети до кои дошле научниците по разни истражувања, па можете да ги пробате дали делуваат:

Охрабрете ги луѓето да зборуваат за себе

Истражувањата покажале дека зборувањето за себе предизвикува исто чувство на задоволство како кога јадете.

Поставувајте прашања

Луѓето нема да се осеќаат загрозено доколку се служите со прашања за да ги наведете да ги увидат грешките во своите размислувања и на тој начин да им дозволите сами да дојдат до решение.

Прашувајте за совети

Ново истражување покажало дека барањето совет е изненадувачки ефикасна стратегија за да го зголемите своето влијание кога ви недостига авторитет.

Техника ,,Две прашања”

Добитникот на нобелова награда, психологот Даниел Кахнеман советува прво луѓето да ги прашате за нешто што е убаво и позитивно во нивниот живот. Откако ќе одговорат, прашајте ги што мислат за животот во ошта смисла. Позитивен одговор на првото прашање ги наведува луѓето позитивно да размислуваат за својот живот генерално.

Повторување на последните три збора

За да покажете дека активно слушате што ви се зборува, повторувајте ги последните два три збора на соговорникот со прашален или одобрувачки тон. Тоа ќе им покаже дека ги слушате, и тие ќе продолжат со зборување.

Зборувајте за другите – но само убаво

Истражувањата покажале дека тоа што го зборувате за другите покажува на луѓето какви сте вие. Доколку зборувате убаво за некого, луѓето ќе ве гледаат како позитивна личност. Кога одговарате на некого, слуаштело несвесно особините кои ги кажувате почнува да ги препишува на вас.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement