Работата во тим може да биде вистински предизвик но и мачење за вработените кои што се навикнати да се потпрат само на себе и да не се поднесуваат со другите колеги.
“Сложната дружина планини крева“ – дали ова е навистина условот за високата продуктивност и професионалните достигнувања ?
Некои луѓе едноставно не снаоѓаат во тимската работа и претпочитаат да работат на самостојни проекти. Тимската работа за кратко време ја зголемува продуктивноста, ефикасноста и квлалитетот, но сепак се потребни некои услови за да биде работата во тим ефикасна.
Доверба во тимотд
Довербата меѓу колегите е еден од условите за отпочнување на тимска работа. Во довербата се вклучува процената на способностите на своите колеги и врз основа на оваа доверба да се преземат ризици со нив во врска со работата.
Јасно формулирана тимска цел
Без неа тимската работа би имала хаотични движења и не би довела до извонредни резултати. Одредувањето на целта и начините на постигнување на неа се услов за мотивиран и ефективен тим.
На што не учи тимската работа ?
Тимската работа не учи пред се на колегиалност, флексибилност, доверба, одговорност, полесна соработка, приспособливост во различни ситуации и на различни карактери. Тимската работа ќе ве научи како заедно да се најде вистинското решение за проблемот, како и преку индивидуалните вештини и напори да се придонесува за општото добро и просперитет.
Со тимска работа вработените имаат можност да се самоусовршуваат и да учат нови работи поврзани со нивната работа преку идеите на останатите од тимот.
Со тимска работа вработените имаат можност да се самоусовршуваат и да учат нови работи поврзани со нивната работа преку идеите на останатите од тимот.
Токму оваа симбиоза е гаранција за успехот.

You must be logged in to post a comment Login