Без цел, желба, без нешто кон што тежнееме потполно би стагнирале. Ќе заглавиме во рутината и несигурно ќе го правиме секој чекор затоа што нема да бидеме сигурно што да направиме следно.
Целите се соништа за кој сме желни да работиме. Со одредување на цели превземаме одговорност за својот живот, одлучуваме да се бориме наместо безцелно да седиме и да чекаме.
Меѓутоа, важно е полека да се чекори на патот према целта. Баш во тие чекори е разликата помеѓу соништата и вистинските цели.
Целите му даваат смисла на нашиот живот и не прават среќни, представувајќи некаква прилина и насока во нашиот живот.
Кога ќе одлучите да се потрудите за да постигнете нешто, вашите постапки ќе добијат ново значење. Свесното креирање на цел им помага на луѓето да се осигураат дека животот не им поминува залудно и дека нивните постапки се корисни. Затоа планот мора да биде уверлив и достижен.
Така да, морате да пробате да ги визуелизирате целите до најмали детали, затоа што морате да знаете што треба да направите за да го остварите замисленото.
Вашите цели нека бидат прикладни на вашето емотивно задоволство. Тоа значи дека ако вас фамилијарниот живот емотивно потполно ве исполнува, вашата цел не смее да ве оддалечува од семејството (ако се работи за кариера), затоа што на тој начин иако ја остварите целта, тоа нема да ве исполни затоа што со постигнување на таа цел сте го изгубиле она што ви е емотивно важно.
За целта секој пат да ве мотивира, важно е да се наградите некако, секој пат кога ќе постигнете мал напредок кон целта. Ако не напредувате према поставената цел преиспитајте ја вашата стратегија, па пота променете ја за планот да ви стане остварлив.
Крејирајќи си ги целите, си ја креирата својата иднина. Поставувањето на цел е првиот чекор на патот да станеме личноста која сакаме да бидеме.

You must be logged in to post a comment Login