Ако сте како повеќето од нас, веројатно имате напорна работа која од ден на ден се повеќе ве испоштува. Кога часот ќе покаже 16:00 веројатно на памет ви паѓа некое од следниве нешта: часа вино, ручек богат со јаглехидрати, тренерки и серија или филм. Дали би сакале на крајот на работното време да имате повеќе енергија, со што ви вовеле поголем баланс во животот и ви имале време и за другите работи кои ги сакате во животот? Следете ги овие лесни совети, кои сигурно можете да ги вклучите во вашето секојдневие.
Наутро
Ментална гимнастика
Ставете ги рацете на градите и вдишувајте 4 секунди, држете го здивот 4 секунди, па издишувајте 4 секунди. Повторувајте го ова 2 минути.
Фитнес
Позиционирајте ја висината на компјутерот во висина на очите. Држењето на дланките и рацете исто така треба да ви биде на иста висина.
Исхрана
Напијте се чаша вода или чаша со топла вода и лимон пред утринското кафе или чај.
Избегнувајте овошје или цели житарки за појадок, а наместо тоа јадете храна богата со протеини, како половина авокадо или јајце.
На ручек
Фитнес
Додека седите, фатете ја левата страна на столицата со левата рака и ставете ја десната рака преку главата. Вдишете и наведнете се на левата страна најмногу што можете. Задржете го здивот 6 секунди, и потоа вратете се во почетната позиција. Сменете ги страните и повторете го циклусот 6 пати.
Исхрана
Наполнете ја чинијата со комплексни јаглехидрати кои ќе ви ја дадат потребната енергија, како што се на пример црвената леќа, лосос, зелен зеленчук и сл.
Ментална гимнастика
Одете на 15 минутна прошетка надвор за да ја добиете вашата дневна доза на витамин Д.
Попладне
Фитнес
Застанете со нозете раширени во ширина на колковите. Вдишете и посегнете со рацете нагоре како што земате воздух. Издишете и свиткајте се нанапред во половината, така што со рацете ќе посегнете по стапалата. Задржете се во оваа положба 15 секунди. Повторете го истото 5 пати.
Исхрана
Грицнете закуска богата со влакна, како на пример ореви, хумус, јаболка со путер од кикирики и сл.
Ментална гимнастика
Измасирајте се со неколку капки масло од нане на зглобовите на рацете, зад ушите и на слепоочниците за да ви се подобри фокусот.
На крајот на денот
Ментална гимнастика
Правете нешто кое го сакате 10 до 15 минути без прекини. Истегнете се, слушајте музика, или прочитајте едно поглавје од некоја добра книга.

You must be logged in to post a comment Login