Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

7 навики на успешните луѓе

Советниците за кариера сметаат дека понекогаш поважно е да се опуштите на вистинскиот начин, отколку сета енергија да ја потрошите на работното место…

Дали сте под стрес? Дали премногу работите, јадете само брза храна и малку спиете? Не можете да се сетите како изгледа вашиот дечко? А ниту пак кога последен пат сте го виделе?

Ако на било кое од овие прашања сте одговориле со ДА, прекинете сè и сменете го системот од корен!

Стивен Кави во својата книга „7 навики на успешните луѓе“ пишува за дрвосечач кој ги сече трвата со тапа секира. На прашањето на еден поминувач зошто не ја наостри, тој одговара дека нема време бидејќи е зафатен со сечење дрва! Веројатно се прашувате каква врска има тоа со вас? Понекогаш паѓаме во замките на обврските кои не ни дозволуваат да го согледаме проблемот од друг агол и да најдеме поефикасен начин за да го решиме. Посветете се и на својот социјален, духовен, ментален живот, одморот и пријателите, а тоа позитивно ќе се одрази и на вашиот успех на работа или на факултет.

Едноставно, наострете се и вие со помош на следните 7 брзи совети.

 

Спијте (8 часа)

Спиењето е исклучително важно, бидејќи кога ви паѓаат опите на работа, поголема е веројатноста дека ќе згрешите и ќе морате сè од почеток. Исто така, ноќта е за спиење, не за работа, па затоа престанете со работа најмалку еден час пред да одите во кревет.

 

Вежбајте (20 минути дневно)

Физичката активност е подеднакво добра во лешење на депресија и анксиозност како и лековите. А не ви е потребно премногу, на пример, само малку побрз прошетка ќе ви ја подобри концентрацијата додека трепнете, поточно за 20 минути.

 

Наполнете го фрижидерот (1 час)

Логично е, ако во фрижидерот чувате здрава храна, поздраво и ќе се храните. Не ставајте глупости, и верувајте дека постои врска помеѓу брзата храна и депресивноста. Имено, еден Универзитет во Мериленд истражувал и се покажало дека жените кои се хранат нездраво имаат поголеми шанси да западнат во депресија.

 

Јавете се, не куцајте (10 минути)

Комуникацијата во врската е многу важна. Ако немате време заедно да пиете кафе и да поразговарате во живо, барем како е вашата друга половина, што прави во тој момент. На тој начин ќе ја одржувате како составен дел од вашиот живот во речиси секој момент.

 

Фантазирајте за љубов или секс (5 минути)

Фантазирањето може да ја подобри ваѓата креативност и да ве направи попристрастни, се наведува во студијата објавена во списанието Personality and Social Psychology Bulletin. Учесниците во студијата кои си замислувале романтична прошетка со партнерот постигнале поголем успех во креативните работи, а оние кои си замислувале секс сцени со непознати, постигнале подобри резултати на аналитичките прашања.

 

Закажете одмор (7 дена)

Докажано е дека на луѓето повеќе радост им носи патувањето отколку материјалните работи. Тогаш еве рецепт за поголема продуктивност, 7 дена се доволно.

 

Одредете ги приоритетите (5 минути)

Поминете неколку моменти секој ден размислувајќи за тоа што ви е навистина важно за да ја намалите анксиозноста предизвикана од премногу работа, советуваат докторите. На тој начин ќе станете свесни дека сè се движи во своја насока и нема премногу да се врзувате за работи кои не можете да ги промените, а на тој начин пак ќе избегнете да се нервирате за неважни работи.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement