Мајките кои се вработени обично не стигаат доволно да се наспијат. А ако не успеете да се одморите како што треба, тоа влијае на вашата способност добро да ги извршувате своите лични и работни обврски. Но постои начин и мајките кои имаат работа, да се одморат и да се наспијат.
Многу е важно она на што спиете да биде удобно и да ви одговара
Ако се придржувате кон овие совети, ќе можете да се наспиете. Сè што треба да сторите е да бидете малку поорганизирани. Некои од следните совети или повеќето од нив можат да ви помогнат – на вас останува да видите кои од нив најмногу ќе ви одговараат.
1) КОЛКУ Е УДБОЕН ВАШИОТ КРЕВЕТ?
Можеби досега ст ебиле премногу уморни за да рзамислувате за ова кога конечно ќе стигнете до креветот. Тешко е да се одморите во неудобен кревет, во постелнина која предизвикува чешање. Квалитетен кревет претставува неопходност, а не луксуз. Ако креветот не ви одговара, одвојте пари и купете друг. Обратете внимание на сите карактеристики подеднакво – на прениците, на чаршафите, на јорганите и на другите работи поврзани со креветот.
2) ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ И ПИЕТЕ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ
Поради неправилната исхрана, крвниот притисок може многу да ви варира, а тоа ќе резултира со немирен сон. Алкохолот можеби теоретски звучи добро, но всушност само предизвикува несоница. Исто така, не треба да пиете напитоци кои содржат кофеин доцна попладне.
3) ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА НЕСОНИЦА Е УМОТ КОЈ НЕ САКА ДА СЕ ИЗГАСНЕ
Доколку сте забележале дека пред спиење размислувате за изминатиот ден и за следниот, најдете некој начин да го опуштите мозокот. Ако сте константно загрижени, визуализирајте го решението на проблемот. Решението не мора дури ни да биде реалистично – важно е само да го залажувате мозокот. Или едносѕавно размислувајте за местата кои би сакале да ги видите.
4) ОДРЕДЕТЕ ГО ВРЕМЕТО КОГА СИ ЛЕГНУВАТЕ И КОГА СТАНУВАТЕ И ДРЖЕТЕ СЕ ДО ТОЈ РАСПОРЕД
Веројатно за ова веќе ве советувале. Но тоа всушност функционира. Ако вашиот распоред постојано варира, телото тешко ќе ви се навикнува на постојаните промени. Многу луѓе го менуваат времето на легнување и станување за време на викендот, па затоа им е многу потешко да станат во понеделник. Затоа, одредете го своето време на легнување и станување и придржувајте се кон тоа.
5) АКО СЕ РАЗБУДИТЕ ВО СРЕД НОЌ И НЕ МОЖЕТЕ ПОВТОРНО ДА ЗАСПИЕТЕ, ТОГАШ НЕ ТРУДЕТЕ СЕ
Звучи контрадикторно, да. Но нема да заспиете повторно ако се превртувате по креветот, туку само ќе бидете понервозни што немате сон. Во овој случај, најдобро би било да станете и да земете некоја лесна книга или да пуштите музика кој опушта. Или пак правете нешто што ви го задржува вниманието, а од друга страна не ве стимулира посебно. Телото ќе ви даде само сигнал кога повторно му се спие.

You must be logged in to post a comment Login