Добивте работа која сакате да ја задржите и знаете дека озборувањето на колегите, расправиите со шефот, мрзеливоста и доцнењето на работа не се добра идеа. Покрај тоа, ова се уште неколку работи на кои треба да обрнете внимание.
Друштвени мрежи
Не пишувајте и не зборувајте ништо што може да ве доведе во непријатна положба. Навикнати сме често да праќаме електронска пошта, да користиме Facebook или да гледаме смешни клипови па се случува да заборавиме на работните обврски.
Не ни помислувајте да ставите слики од вчерашната забава додека седите во канцеларија. На работа нема место за приватното!
Меѓучовечки односи
Во забранетите работи спаѓа и опсесивното користење на мобилниот телефон, пишување СМС, разговарање со пријателите. Освен тоа што не сте концентрирани на работата додека го правите тоа, ја намалувате потенцијалната комуникација со колегите. Треба да знаете дека тоа не е добро ако колегите со кои работите секојдневно, не знаат за што зборувате.
Став
Сепак немојте да бидете како ѕвезда од реално шоу која зборува како да не е тука за да стекне пријатели туку да победи. Ваков став сигурно нема да ви помогне нити да придонесе на вашата кариера.
Не се натпреварувајте премногу со колегите
Натпреварувачкиот дух е доблест, но премногу натпреварување со колегите само за да докажете дека сте подобри, може да ве повреди. Компаниите кои кои најдобро работат се оние кои имаат вработени кои работат тимски.