Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

3 клучни работи за успех

Сакате ли да го испрограмирате мозокот и телото да останат активни во текот на денот? Внимавајте  на следниве 3 работи, кои што успешните луѓе ги применуваат при остварување на нивните желби.

Една од најголемите замки на модерното општество е тоа да почнете да се однесувате автоматски, да одите полусвесни и го правите она што другите го прават.

Многумина забораваат дека е неопходно да се фокусираат на своите цели, преокупирајќи се со реакциите на околината. Ако сакате да ги остварите своите цели, почнете да ги применувате следниве 3 работи:

1.       Запишете ги целите

Наутро испланирајте го денот. Запишете ги целите за тој ден и заокружете ги најбитните, оние који имаат најголемо влијание на вашиот живот.

Запишете ги сите активности који треба да ги превземете, делувајте. Не се откажувајте.

Кога ќе ги прочитате целите што сте ги запишале ќе се чувствувате добро, бидејќи ќе ви изгледа дека има само еден чекор до нивното остварување. Читајте ги секое утро и со тек на време ќе ги остварите.

2.       Создадете моќен систем на верувања

Прашајте некоја успешна личност, кое е нејзиното правило број 1 за успех. Тоа што сите успешни луѓе го имаат заедничко е вербата во себе и во тоа што го прават. Ако сами не верувате во себе, зошто некој друг би верувал? Кога ќе ве прашаат за вашите цели, не плашете се да ги соопштите. Бидете одлучни и верувајте во себе.

3.       Вложете во себе

Најбогатите луѓе на светот знаат колку е важно вложувањето во себе. Најмувањето личен тренер, купувањето здрава храна и книги и плаќањето едукации не се трошкови, туку вложување во себе.

          Почнете да читате книги. Сите купуваат книги, но не сите ги читаат од корица до корица.

          Малку од тие што ќе купат книги, ги читаат, а уште помалку од нив помнат што прочитале. Почнете да ги проучувате книгите.

          Учете барем еден час дневно. Ако учите еден саат дневно, за три години ќе бидете на врвот во областа во која работите. За пет години ќе бидете познати, а за седум ќе бидете еден од најдобрите луѓе во светот који се занимаваат со таа работа – Брајан Трејси (мотивационен говорник)

          Научете нешто ново, нов збор, нова вештина било што. За 365 дена ќе знаете 365 работи повеќе. Замислете само каде ќе стигнете за една година ако денес почнете?

          Направете нешто за себе. Да, добрата работа е главен фактор потребен за успех, ама барем еднаш месечно направете нешто забавно, нешто спонтано, нешто што до сега не сте направиле и што ќе направи да се чувствувате живи. Забавувајте се и уживајте.     

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Uncategorized

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement