Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

14 навики на добро организираните луѓе

Во една анкета од 2010 година се покажало дека повеќе од 80% од организираните луѓе добро напредуваат на работа. Добрите вести се што сите можат да станат организирани, само ако се потрудат. Иако организираноста е различна за различни луѓе, постојат шеми врз основа на кои можете да бидете подобри планери.

 

Организираните луѓе држат сè во совршен ред, бидејќи тоа е еден од чекорите до нивната цел.

 

 

1) ОРГАНИЗИРАНИТЕ ЛУЃЕ ИМААТ ЈАСНИ ЦЕЛИ

 

Организираните луѓе не држат сè во совршен ред затоа што тоа им е интерезно – тие имаат добра причина за тоа. Ако домот им е максимално среден, можеби сакаат често да имаат гости и сакаат тие луѓе да се чувствуваат убаво во нивниот дом. Ако немаат цел, не се трудат толку.

 

2) ОПТИМИСТИЧНИ СЕ

 

Организираните луѓе се попозитивни од другите. Тие имаат мисење дека се може да се стори, дури и ако кон целта се движат со минијатурни чекори.

 

3) СОВЕСНИ СЕ

 

Личноста која е многу совесна, најчесто е и ефикасна, оди кон достигнувањата и е дисциплинирана. Организираните луѓе се посовесни од другите.

 

4) НЕМА СЕКОГАШ ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ ЗА НОВИ ИДЕИ

 

Иако на организираноста обично гледаме како на добра работа, бидејќи на луѓето им помага во продуктивноста и ефикасноста, постои и негативна страна. Студија од 2013 година потврдила дека работата во неуредна канцеларија буди повеќе креатнвии идеји отколку работата во перфектно среден простор.

 

5) ТИЕ НОСАТ ОДЛУКИ

 

Организираните луѓе  умеат да кажат „ова е доволно добро“ и да продолжат понатаму. Тие не тежнеат кон совршенство. Организираните луѓе знаат кои опции им се на располагање, избираат една, се држат до неа и не жалат за пропуштените прилики. Тие знаат да го изберат она што е важно да се заврши веднаш, а она што е помалку важно да го остават за подоцна.

 

 

6) НЕ СЕ ПЕРФЕКЦИОНИСТИ

 

За нив не мора сè да биде совршено – важно е само да биде доволно добро. Всушност голем број од перфекционистите се неорганизирани. Тие се концентрираат на најситните детали и тие ги кочат.

 

7) ТИЕ БЕЛЕЖАТ И ЧУВААТ

 

Организираните луѓе бележат сè, од настани, преку идеји, до барања од други луѓе и најчесто прават листа. Ако имаат рок или некој важен настан, го забележуваат во календарот. А кога чуваат нешто, го чуваат на одреден начин – нема сè да стават во една кутија, туку за секој предмет постои посебно место.

 

 

8) ЈА ПРОВЕРУВААТ СВОЈАТА ЛИСТА

 

Организираните луѓе строго внимаваат на своите обврски и успеваат да ги исполнат бидејќи ги имаат забележано, додека другите луѓе трошат ментална енергија да ги запомнат своите обврски и повторно нешто забораваат. Сè што треба да направите – запишете!

 

9) ТИЕ ИМААТ „ВЕДНАШ, СЕГА“ СТАВ

 

Кога организираната личност доаѓа од работа, веднаш го закачува капутот наместо да го фрли на столицата. Таа знае дека подоцна ќе бидат пет капути на столицата и дека можеби ќе и биде потешко да стане кога ќе го забележи тоа. Ако за нешто се потребни помалку од 5 минути, организираните луѓе ќе го сторат тоа веднаш. Тоа што нема да стигнат да го направат, го ставаат на својата листа, но многу брзо и тоа го завршуваат.

 

10) СЕ ПОДГОТВУВААТ

 

Организираните луѓе сакаат да бидат подготвени за секаква ситуација. Тоа не значи дека ги завршуваат работите три недели однапред, туку дека знаат колку време ќе им треба за нешто и го одвојуваат за тоа. Секој индивидуалец има свој начин да се избори со роковите, но организираните луѓе знаат да си остават простор за во случај нешто друго и поважно да излезе во меѓувреме.

 

11) ТИЕ БАРААТ ПОМОШ

 

Организираните луѓе ги знаат своите слабости и силни страни и делуваат во согласност со нив. Кога нешто не им оди, умеат да прашаат за помош

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement